maturskaparada1

Охридските матуранти ќе танцуваат „Квадрил“

Охрид, 18. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските матуранти од сите средни училишта денес точно на пладне на градскиот плоштад ќе ја одиграат традиционалната матурска парада.

Тие ќе танцуваат „Квадрил“ на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“ во исто време со своите врснции од Струга, Струмица, Гевгелија, Скопје и Куманово, но и од Европа. И оваа година професоркарката Соња Думбаловска Делова се погрижи се да изгледа онака како што доликува. По завршување на парадата матурантите ќе ја прочитаат заклетвата за ненасилство.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.
Танцот “Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива