croatia-european-union-265x160

Хрватска од денеска претседава со Советот на Европа

Загреб, 18. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Хрватска од денеска го презема претседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години.

Светските агенции коментираат дека тоа се случува во истата седмица кога најстарата организација во Европа во соопштение го критикува Загреб за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.

Хрватска го презема претседателството од Данска, а по шест месеци ќе го отстапи на Финска.

Во моментов Советот на Европа има 47 членки – сите земји во Европа со исклучок на Белорусија. (Крај)

извор: Локално фото: архива