ismetramikevic

Со изложба и перформанс на Исмет Радиќевиќ ќе се одбележи Денот на Музеите и музејските работници во Охрид

Охрид, 18. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – 18- ти мај се одбележува како Меѓународен ден на музеите и музејските работници.

Веќе се напушта концептот дека музеите се тивки места, туку се’ поголем број на културни активности се случуваат токму во музеите. НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид и годинава со неколку пропратни манифестации го одбележува Денот на музеите и музејските работници.

Вечерва во Галеријата „Робевци“, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена 28- та по ред традиционална изложба на дела подарени од автори кои изложувале последните неколку години во галеријата.

– Настанот ќе биде дополнително збогатен во со перформансот „шмирглање“ на Исмет Радиќевиќ, информираат од Галеријата „Робевци“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива