upevcemozaik

Уметникот Никола Упевче ја заврши мозаичната мапа на Охрид и Лихнид

Охрид, 20. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Академскиот сликар, реставратор и конзерватор од Охрид Никола Упевче го заврши своето најново дело – мозаичната мапа на Охрид и Лихнид. Како млад уметник  и научен работник тој досега има оставено повеќе трајни траги во културно-историското наследство на Охрид, но и пошироко.

Супер радио и OhridPress дознаваат дека ова прекрасно дело на Упевче ќе биде поставено на малиот плоштад во Охрид, веднаш до хотелот „Александрија“ (поранешна Библиотека).

Повеќе за уметникот Никола Упевче во интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Упевче