helping hand with the sky background

Охриѓани се мобилизираат за помош на 10-годишното девојче кое боледува од леукемија

Охрид, 24. мај 2018(ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш се мобилизираат во хумана мисија да се соберат финансиски средства за операција на 10-годишно девојче од Охрид кое боледува од леукемија и треба да оди на операција во Германија.

Па така утре на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 18:00 часот младите охридски музички таленти ќе одржат хуманитарен концерт.

Својата хуманост со донирање во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе можат да ја изразат и посетителите на театарската претстава „Просветителска импровокација“, која ќе се одржи вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и публиката на концертот на вечерашниот концерт на Горан Трајковски.

Црвен крст Охрид започнува хуманитарна акција за собирање на финансиски средства и на повеќе локации во градот: макети, кафулиња, хотели. Ќе постави собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.

Финансиски средства може да се испраќаат и на отворената сметка за донации, а наскоро ќе бидат отворени и броеви за донација.

Сметка за донација:
НЛБ Банка
210-7000006464-47

Да и помогнеме на Ева да се излекува и да му се врати на училиштето и другарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива