helping hand with the sky background

Хуманитарен концерт за помош на охриѓанката која боледува од леукемија

Охрид, 25. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Попладне на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт за собирање средства за за операција на 10-годишно девојче од Охрид кое боледува од леукемија и треба да оди на операција во Германија.

Предвидено е да настапат млади музички таленти од Охрид, а почетокот е во 18:00 часот.

Освен тоа , Црвен крст Охрид започна хуманитарна акција за собирање на финансиски средства и на повеќе локации во градот: маркети, кафулиња, хотели. Поставени се собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.

Финансиски средства може да се испраќаат и на отворената сметка за донации, а наскоро ќе бидат отворени и броеви за донација.

Сметка за донација:
НЛБ Банка
210-7000006464-47

Да и помогнеме на Ева да се излекува и да му се врати на училиштето и другарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива