Избор Охрид

Акцијашите од „Брег на младоста“ во акција (Фото)

Охрид, 25. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Акцијашите од клубот „Брег на младоста“ денеска спроведоа акција за средување на дворот и околината на црквата „Св.Троица“ во населбата Црногорци, каде во недела ќе се одржи народен собир и литургија по повод празникот Духовден.

akcijasi 5

– Нашата акција ќе продолжи и во понеделник, кога ќе помогнеме во расчистувањето на околината на црквата по големиот народен собир, велат од „Брег на младоста“.

akcijasi 2

akcijasi 4

akcijasi 3

Како возврат за оваа  помош, црковниот одбор ќе уплати средства на сметката за донации за помош на 10-годишната Ева, која боледува од леукемија и итно треба да замине на операција во Германија. Во деновите од викендот, членови на клубот ќе бидат во маркетите „Тамаро“, ќе им помагаат и ќе ги анимираат купувачите да донираат средства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука