gorderarenews

„RareRevolution“: Февруари беше месец на ретките болести во Охрид, Македонија

Охрид, 28. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вест за активностите на охридските членови на здружението „Живот со предизвици“ се најде во последното издание на британскиот магазин „RareRevolution“.

– Февруари дефинитивно беше месец на ретките болести во Охрид, Македонија, каде граѓаните зедоа активно учество во кампањата „Show you rare, Show you care“ и го избоија градот во боите на проектот. Учениците во основните и средните училишта, како и студентите на факултетите ја поддржаа кампањата. Ѕидовите на Медицинскиот центар во Охрид и Детската клиника во Скопје исто така беа во боите на кампањата, пишува „RareRevolution“.

– Ќе требаат часови за да им се заблагодарам поединечно на сите, за се` што направија и ја поддржаа кампањата. Затоа, сакам вака јавно да им се заблагодарам, вели rare активистот Гордана Лолеска.

Во написот се додава дека како дел од активностите беше и снимањето на „химната“ на децата со ретки болести во изведба на OhridSUPERSTAR Band – „Сите сме исти“.
Неодамна во истиот магазин беше објавена вест за првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива