Спорт

Реал Мадрид ја следи ситуацијата со Рахим Стерлинг

Ливерпул, 7. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Ливерпул и англиски репрезентативец Рахим Стерлинг сеуште не го продолжил договорот со клубот, а актуелниот му истекува во 2017 година.

Според зборовите на Зинедин Зидан кој е сега дел од стручниот штаб на Карло Анчелоти, Реал Мадрид го следи ваквиот развој на настаните и соодветно ќе реагира.

Стерлинг за „редси“ игра од 2012 година и досега на 89 средби има постигнато 17 голови, а за англиската репрезентација има 14 настапи и еден погодок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука