Избор Свет

Од јуни НАТО го чува небото на Црна Гора

Брисел, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 5-ти  јуни воздушниот простор на Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција тогаш почнуваат воздушна патрола над Црна Гора.

– Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе ѝ помогнат да го обезбеди нејзиниот воздушен простор. Во знак на сојузничка солидарност, Италија и Грција сега ќе помогнат во заштитата на црногорскиот воздушен простор. Италијански и грчки борбени авиони и натаму ќе бидат базирани во нивните матични земји и по потреба ќе бидат ангажирани. соопштуваат од НАТО.

Како што се наведува во соопштението од Алијансата, не се работи за одговор на било каква закана, туку е важна компонента која НАТО им ја пружа како сигурност на своите членки. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука