pozar2

Пожар во браварска работилница во Струга

Струга, 1. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, околу 16:30 часот, во Струга на улица „Маркс Енгелсова“ од засега неутврдени причини настанал пожар во браварска работилница сопственост на 57-годишниот Р.Г. од Струга.

– Од пожарот биле зафатени и изгорени разни предмети и материјали кои се наоѓале во работилницата. Од пожарот била опожарена и металната кровна конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Струга. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива