Избор Локална самоуправа Охрид

Се средува средишниот појас на патот Охрид-Св. Стефан

Охрид, 2,. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и средување на околината на градот во пресрет на сезоната, екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан.

– Иако средувањето на овој дел од патот не е во надлежност на општината, сепак во периодов наназад, поради високата трева претставува опасност за возачите, особено при вклучувањето од споредните патишта кон главниот коловоз, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука