protestzaskopje

Со автобуси од Охрид, Струга и околината на протест пред Владата на Република Македонија

Охрид/Скопје, 2. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и многу други градови ширум Македонија тргнаа на протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот лидер, Христијан Мицкоски во најавата на протестот рече дека ги повикува сите граѓани кои се разочарани од владеењето на премиерот Зоран Заев, а не се челнови на ВМРО-ДПМНЕ, да се приклучат на протестот.

Поддршка за протестот на својот Фејсбук профил даде и претходникот на Мицкоски, Никола Груевски.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека „со внимание ќе ги слушне пораките од протестот и истакна дека право на опозицијата е да протестира“. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус