semejnonasilstvo-640x360

Охриѓанец се обидел да силува 16-годишно девојче, ја спасил соседот

Охрид, 3. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Четириесет годишна охриѓанка, вчера во СВР Охрид пријавила дека истиот ден, околу 01:10 часот, додека нејзината 16-годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од страна на лицето Н.Т од Охрид и пред влезот од нивната зграда истиот почнал да ја допира по телото.

– Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот. Известен бил Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива