soobrakajkontrola-640x360

Полицаец сопрел возило за рутинска проверка во Струга, возачот започнал да го турка

Струга, 4. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 27-годишниот Б.П. од село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

– На 24-ти април оваа година, на кружен тек во Струга, при сообраќајна контрола на возило управувано од пријавениот, тој започнал да вика и да го турка полицискиот службеник по што влегол во возилото и со голема брзина го напуштил местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива