turisti varsava 2

Во Охрид слетаа првите туристи од Варшава преку туроператорот Rainbow

Охрид, 4. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ пристигнаа првите 157 туристи со чартер лет од Варшава, на полскиот тур-оператор Rainbow, опериран од страна на авиокомпанијата Enter Air.

Сезонскиот лет на линијата Варшава-Охрид-Варшава, кој е воведен за првпат ќе оперира еднаш неделно, во понеделник, се до 21-ви септември.

turisti varsava 3

Полскиот конзул во земјава Катажина Пташинска, го потенцира брзиот напредок на соработката меѓу Полска и Македонија на полето на туризмот.

Откако лани беше воведена линијата од Катовице до Охрид,ова е втора полска дестинација која е поврзана со туристичкиот центар, рече координаторот на аеродрoмите на ТАВ Македонија, Јигит Лачин.

– Rainbow и Enter Air треба да донесат околу 3 000 патници на аеродромот во Охрид, додека заедно со летовите од Катовице, организирани од Rego Bis и Small Planet Airlines, очекуваме да слетаат вкупно 9 000 полски патници ова лето на охрискиот аеродром ,истакна Лачин.
Rainbow е еден од двата најголеми полски тур-оператори и соработува со полската чартер авиокомпанија Enter Air.

turisti varsava 4

– Многу сме горди што сме важен дел од новата авиолинија меѓу полскиот главен град Варшава и неверојатениот македонски град Охрид. Сега ќе можеме да им ја покажеме уникатната убавина на оваа земја на полските туристи. Благодарение на оваа конекција, полскиот народ може да биде поблизу до Македонија како никогаш порано, изјави Емилија Братковска, шеф на одделот за маркетинг и односи со јавност на Rainbow.

turisti varsava

Инаку, официјално летната сезона за ТАВ Македонија беше отворена на 15-ти април, со доаѓањето на првиот лет од Истанбул, а листата на нови дестинации е проширена и со Ајндховен, Талин и Варшава. Ако на ова се додадат и веќе востановените летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродоромот во Охрид поврзан со осум дестинации за време на летната сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес