makedonskiekonomskiforum

Македонски Енергетски Форум во Струга

Струга, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во хотел „Изгрев“ во Струга денес и утре ќе се одржи „Македонскиот Енергетски Форум 2018“.

На форумот свое обраќање ќе имаат премиерот на Република Македонија Зоран Заев, Амбасадорот на САД Џес Бејли, и други високи функционери од извршната власт.

– Форумот е делен на 5 панели, со презентации и дискусии за предизвиците на енергетиката во Македонија и регионот. „Енергетиката во светот во следните 20 години“, „Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија“, „Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан“, „Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас“ и „Патокази за енергетска политика во Република Македонија“ се само дел од темите на кои ќе дебатираат учесниците, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива