lebedimali

Четири млади лебедчиња го разубавија езерото (Фото)

Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Четири млади лебедчиња деновиве ги разубавија водите на Охридското Езеро.

Во присуство на родителите, тие се вистинска атракција во охридскиот канал и секако по најатрактивниот дел, по кејот на езерото.

Image may contain: outdoor, water and nature

Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион.

Како главни причини за намалувањето на нивниот број се наведуваат загрозувањето на нивните живеалишта во природата, но и огромното влијание на човекот врз животната средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Блажески