jpbiljaniniIzvori

ЈП „Билјанини Извори“: За шест месеци направивме колку вие за цел ваш мандат

Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По изнесеното во последниот допис до медиуми на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а во врска со „негрижата за спортските терени“, со реакција се јавија од ЈП „Билјанини извори“.

Според директорката Јованоска, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат со дволични и паушални констатации.

– Вие сте граделе игралишта, не вие и вашата локална власт туку државните институции, а деловите кои требаше Вие да ги направите и завршите ништо од тоа не е направено. Во ваше време се изгради теренот со вештачка трева но не и помошни простории (соблекувални,санитарни јазли  и сл.) На самиот стадион нема ни една чешма за вода ни за пиење ни техничка за вадење на теренот за гумата и пластиката да не мирисаат и да не им пречат  на децата кои најчесто го користат тој терен а на кои вие се повикувате. А извор со жива вода има само на стотина метри од тука. Е затоа е оставен овој простор таков како што е, бидејќи  во најкратко време планираме  да се донесе вода во близина на теренот. Но, не е само тоа проблемот направивте игралиште без осветлување,  па така децата наместо да го користат во летниот период навечер тие морат да тренираат во летните претпладниња  и попладнина кога се’ уште е жешко и не е корисно за здравјето. Вие и тоа не го направивте, туку оставивте земјиште нерамно каде со ништо не може да се влезе и да се среди. Нам ни дојде редот и тоа да го средуваме зашто сметаме дека е повеќе од потребно. Ве потсетувам дека се  поминати само шест месеци од моето доаѓање на функција  и ви кажувам дека за брзо време ова ќе биде средено хортикултурно како што му доликува и за што ќе бидете благовремено известени за да видите дека кога се сака и се може. За шест месеци од како седнав на директорското столче јас и мојот тим во кој се сите вработени направивме толку колку вие за цел ваш мандат што не направивте за ЈП „Билјанини Извори“, реагираат од претпријатието и истото го презентираат со, според нив, докази и факти:

– Комплетно се реновирани соблекувалните на градскиот стадион

biljaninipres1– Заменети столчињата на трибините на градскиот стадион и комплетно фарбање и обележување на истите

biljaninipres2– Поправен е разгласот во спортската сала кој минимум 10 години не работеше и за секоја манифестација изнајмувавме и плаќавме  озвучување.
– Поправено е осветлувањето на тениските игралишта кои ги направи Агенција за спорт и млади, а на вас остана осветлувањето кое работеше само делумно.
– Господа уште еднаш да ве потсетам дека ова е направено за шест месеци лично од наши финансиски средства со труд на вработените на ЈП „Билјанини Извори“, а не како вас да се китите со туѓи перја.

Јованоска истакнува дека тоа што таа одела по паркинзите и контролирала сигурно им пречи на некои нивни моќници кои не сакаат да плаќаат и не сакаат да бидат еднакви со граѓаните на град Охрид.

– Тоа носи резултати. И затоа наплатата на услугата за паркирање е зголемена за повеќе од 100%. Но најважно е, што се’ правиме да се намали хаосот во сообраќајот и да нема метеж во централното градско подрачје. Резултат на сето погоре кажаното  се редовно  исплатени плати на почетокот на месецот, а не на крајот од месецот и тоа на мускули и во крајна неизвесност како до неодамна. Почнавме со сервисирање – исплаќање стари долгови. Нема веќе исклучување на СРЦ „Билјанини Извори“ од електрична енергија што во ваше време беше честа појава. Тргнете ги рацете и мислите од нашето ЈП и оставете да одиме по успешно започнатиот пат, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ЈП „Билјанини извори“ фото: архива