evropskamrezanaezera

Охрид ја унапредува соработката со Европската мрежа на езера

Охрид, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид активно учествуваше во работата на петтиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера, како и деветтото издание на Фестивалот на езерата.

Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој имаше своја презентација на работната средба на партнерите од Европскиот конзорциум, која се однесуваше на реализацијата на продолжителните активности од Проектот Laktive Tourism, што се одржаа во Охрид, од 7-ми до 11-ти мај. Тој предложи  аплицирање за втора фаза од европскиот партнерски проект за продолжување на туристичката сезона и  посочи конкретни можности за заедничко аплицирање со предлог проекти од различни Програми на Европската Унија.

08_06_2018_EVROPSKA_MREZA_EZERA_2Европската мрежа на езера има своја мисија која се однесува на валоризација на европските езера од различни аспекти: туристички, економски, културен, социјален  и еколошки, соработка, размена на искуства и зближување на луѓето од европските држави. Оваа Европска асоцијација е од отворен карактер и на петтиот глобален состанок ги претстави своите нови членки – езера од Унгарија, Грција, Франција и Португалија.

Во периодот од 2-ри до 5-ти јуни во Исео, Италија се одржаа бројни културни, музички , спортски и промотивни настани на кои присуствуваа голем број на жители од Ломбардија и туристи од различни европски држави. (Крај)

извор: општина Охрид фото: општина Охрид