08_06_2018_AJSE_HASAN_04

Младата охриѓанка Ајше Хасан го освојува светот

Охрид, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски денеска ја прими Ајше Хасан која  го понесе  македонскиот тим  на врвот со четири златни медали во исто толку категории  на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“, што од 20-ти  до 23-ти  април годинава се одржа  во Кембрич, Англија.

Хасан која што беше единствената охриѓанка на  натпреварот  му се заблагодари на градоначалникот Стојаноски за целосната  поддршката што ја доби од општина Охрид да замине за Англија и да има можност  да се натпреварува  со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија.

Градоначалникот истакна дека младата Хасан ги оправдала очекувањата на општината посочувајќи дека таа е пример колку е важно млад човек да  учи и постојано да се надградува за да  си овозможи себе си добра иднина.

08_06_2018_AJSE_HASAN_03

Ајше Хасан е матурантка  на „Јахја Кемал“ во Струга,  а по постигнатите резултати на натпреварот во Англија добила понуди своето образование да го продолжи на „Кингс“ Колеџот во Лондон, Универзитетот  „Манчестер“ или на Бристол колеџот кои спаѓаат во групата на 100 најдобри универзитети во светот.

Таа потекнува од  охридско семејство  со просечни примања и се надева дека ќе добие државна стипендија  за да може да  го продолжи своето образование на еден од универзитетите во Англија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: општина Охрид