akcijamojohrid1

Супер успешно прво издание на ЕКО акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“ (Фото)

Охрид, 9. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 1.200 охриѓани денес зедоа активно учество во големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“, иницирана од охридското Супер радио, а која имаше за цел комплетно да се исчисти градот во пресрет на туристичката сезона.

akcijamojohrid6Градоначалникот Стојаноски со соработниците дел од акцијата во Пештани

akcijamojohrid2Најмладите од „Брег на младоста“ во Пештани и пред хотел „Десарет“akcijamojohrid3се чистеше и потегот помеѓу Golden beach и плажата „Немо“

– На наше огромно задоволство, на денешната акција се одзваа повеќе од 1.200 охриѓани, кои поделени во 9 Зони собраа над 500 големи вреќи ѓубре. Охриѓани ја препознаа акцијата како своја, а голем дел од нив, кои беа спречени да дојдат на лице место, организираа свои „мини акција“ во домовите, зградите и фирмите каде работат, објавија организаторите.

akcijamojohrid4                         Нуркачите го чистеа дното кај селото Пештани akcijamojohrid5Во рамките на големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ се чистеше на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“. Првиот реон беше комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон беше Стариот град, потоа потегот од мостот до плажата „Golden beach“, до „Славија“, зона 5 беше од „Славија“ до хотел „Аквалина“, потоа до хотел „Гранит“, следната зона беше до хотел „Метропол“, зона 8 од хотел „Метропол“ до плажа „Атлантис“ и последниот реон беше до Пештани и хотел „Десарет“.

akcijamojohrid7

масовен одзив во стариот дел на градот

akcijamojohrid8Координаторот Биба со дел од учесниците на плажата пред хотел „Метропол“akcijamojohrid9Масовно се чистеше плажата кај Воска

– За сите учесници беа обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци беа постојано при рака при евентуални поситни повреди. За подалечните зони беше обезбеден превоз со автобуси на АД „Галеб“, до кои испраќаме голема благодарност, а секако и до сите охриѓани, вработените во локалната самоуправа и особено во ЈП „Охридски Комуналец“, спортски и еко здруженија, кафе барови и сите добронамерници кои помогнаа Охрид да блесне во целата своја убавина. Да го задржиме ваков во пресрет на сезоната. додаваат од „Мој Охрид, чист Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес