kameleondenden

Групата Камелеон го промовираше спотот за песната „Еден ден“ (Видео)

Охрид, 9. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Групата Камелеон, еден од најпознатите охридски музички состави, синоќа во кафе бар „Ликвид“ го промовираа новиот спот за песната „Еден ден“.

Станува збор за песна која е изведена на фестивалот „Охридски трубадури“ минатата година, а е потпишана од Роберт Милески. Спотот е дело на Даниел Јовески.
Станува збор за искрена и препознатлива песна од опусот на Камелеон, со карактеристичниот вокал на Драган Василески, бас делниците на Тони Јованоски и гитарата на Милески.

„Еден ден“ е уште едно музичко парче во ризницата на Камелеон кое секако треба да има забележително место на листите на сите медиуми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива