Sv_Bogorodica_Kamensko

Света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Варлаам Архиепископ Охридски“

Охрид, 10. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Варлаам Архиепископ Охридски“, информираат од Дебарско-кичевската епархија .

Почетокот е во 09:00 часот, а со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

По завршувањето на литургијата ќе се освети новиот конак и црковната продавница „Кандило“, кај црквата „Св. Богородица Перивлепта“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива