magaro 1

Група родители и деца викендов се искачија на Магаро (Фото)

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Група родители со нивните деца вчера се искачија на највисокиот врв на планината Галичица, Магаро (2255 метри). Најмладиот учесник беше 7 годишната Катерина.

magaro 2

magaro 5

Од Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ потенцираат дека целта на ваквите еко акции е децата уште од најмала возраст да ја засакаат природата, а со самото тоа да станат и екологисти.
Покрај бројни посетители од нашата земја, кои вчера ја освојуваа Галичица, имаше и туристи од Полска.

Оваа акција беше дел од проектот „Еко Галичица 2018“ поддржан од општина Охрид, како и неколку општествено одговорни компании од градов.

magaro 4

Претседателот на Здружението „Зш авантура“, Жанко Голабоски најави дека клубот продолжува со еко акциите и во следните пет месеци. Ќе бидат спроведени еко патоли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес