benzini

Од полноќ поефтинуваат горивата

Охрид/Скопје, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По неколкукратните покачувања, од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар.

Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 72 денари, Еуросупер БС – 98 за 74, Еуродизелот за 63,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,749 ден/кг и ќе  изнесува 33,785 ден/кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива