Novak-Djokovic

Ѓоковиќ ќе игра на Квинс пред Вимблдон

Лондон, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сите најави за подолга пауза на Новак Ѓоковиќ паднаа во вода откако поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ ја прифати вајлд-картата за настап на елитниот Квинс Клаб турнир во Лондон следната недела.

Србинот се обидува да ја врати формата по операцијата на лактот оваа година и стигна до четврт-финалето на Ролан Гарос, каде што загуби од релативно анонимниот Италијанец, Марко Чекинато, и по мечот разочарано изјави дека е можно да направи подолга пауза. Сега, 12-кратниот гренд слем шампион вели дека е подготвен за акција.

„По возбудливите турнири во Рим и Париз, подготвен сум за нов предизвик. Тенисот на трева секогаш е посебен, се работи за сѐ поретка подлога и среќен сум што ќе имам шанса да настапам на овој одличен турнир, како подготовка за Вимблдон. Уште се сеќавам на финалето во Квинс пред 10 години и освојувањето на титулата во двојки“, вели Ѓоковиќ.

На турнирот веќе се пријавени и светскиот број 1, Рафа Надал и Британецот Енди Мареј, меѓутоа учеството на двајцата е неизвесно. Надал по 11-тата титула од Ролан Гарос изјави дека не е сигурен за плановите за сезоната на трева, додека Мареј, петкратен шампион на турнирот, нема играно од минатиот јули по операцијата на колкот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива