verdi Napoli

Симоне Верди потпиша за Наполи

Неапол, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Досегашниот фудбалер на Болоња, Симоне Верди е нов играч на Наполи. Двете страни потпишаа договор со важност на пет години.

26-годишниот Верди кариерата ја почна во Милан, а потоа настапуваше и за Торино, Емполи, Еибар и Карпи, пред да заигра за Болоња.

Има и пет настапи за националниот тим на Италија. (Крај)

извор: Стандард фото: архива