Fernando Tores

Фернандо Торес останува во Европа

Лил, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот ветеран Фернандо Торес го затвори своето поглавје Атлетико Мадрид и тргна во потрага по нов предизвик.

Каде ќе ја продолжи кариерата ќе дознаеме во наредните денови, а во овие моменти најблиску до неговиот потпис е француски Лил.

Реномираниот клуб не се прослави минатата сезона и едвај успеа да остане во Лига 1 и сега сакаат нов центарфор. Во клубот се сериозни заинтересирани за Торес кој наскоро ќе стане слободен агент бидејќи договорот со „јорганџиите“ му истекува на 30 јуни.

Претходно Шпанецот се поврзуваше со јапонскиот Саган, како и некои американски МЛС клубови, но понудата од Лил во овој момент според медиумите е негов приоритет. (Крај)

извор: Спортски фото: архива