kongresencentarohrid

Охрид домаќин на 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Охрид, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 16-ти јуни до 1-ви јули Охрид ќе биде домаќин на 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 45-та Меѓународна научна конференција, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Свеченото отворање ќе биде на 17-ти јуни во 11:00 часот во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Охрид.

Овие две меѓународни манифестации имаат голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.

– На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4 300 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот. Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар, велат од скопскиот универзитет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива