Девет бараж дуели од европската ракометна зона
Клуж, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација утре го игра реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство 2019 година во Германија и Данска. Нашите ракометари имаат убава предност од 8 голови по победата во првиот дуел над Романија во Скопје во неделата со 32:24.
Покрај овој дуел се играат уште осум натпревари, а победниците од секој двомеч ќе игра на ракометниот Мундијал.
Денеска се играат два натпревара:Русија – Чешка (26:27 прв натпревар) и Швајцарија – Норвешка (26:32).
Утре покрај дуелот Романија – Македонија што се игра во Клуж со почеток во 17:30 часот се играат уште четири натпревари.Последните две селекции ќе бидат познати во четврток (14.јуни).
Досега пласман на Светското првенство имаат обезбедено: Данска и Германија (домаќини), Франција (светски првак), Шпанија (европски првак), Ангола, Египет, Тунис (претставници од Африка), Бахреин, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Кореја (претставници од Азија) и Јапонија (вајлд карта).
Од Европската зона ќе бидат уште 9-те победници на баражите, како и трите првопласирани селекции од Пан Американскиот шампионат. (Крај)
извор: Спортклуб фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |