Lisabon

Најголемите ѕвезди ги раскинаа договорите со Спортинг Лисабон

Лисабон, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Само неколку денови откако тренерот Жорге Жесус го раскина договорот со Спортинг Лисабон, а кратко потоа и капитенот Руи Патрисио, денеска уште тројца фудбалери го напуштија клубот.

Денеска раскин на договорите добија Бруно Фернандеш, Вилијам Карваљо и Желсон Мартинс. Тројцата се португалски репрезентативци и меѓу најголемите ѕвезди во тимот.

Заминувањето на речиси целиот тим на „зелените“ се должи откако педесетина хулигани пред неколку недели влегоа во тренинг центарот на клубот и ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб, поради незадоволство од резултатите.

Постојат најави дека раскин на договорот ќе добие и Бас Дост, кој е најдобар стрелец во тимот. Со заминувањето на овие фудбалери без обештетување, Спортинг губи преку 150 милиони евра обештетување.

Засега не е јасно дали македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе се реши на ваков потег или ќе одлучи да остане во тимот и наредната сезона. (Крај)

извор: Спорт1 фото: Спорт1