operacijahirurg

Дводневна работилница за периферни васкуларни интервенции во Охрид

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид во соработка со Универзитетската Клиника за кардиологија од Скопје е домаќин на дводневна работилница „Периферни васкуларни интервенции“, која ќе се одржи денес и утре во  охридскиот Завод.

– На работилницата ќе се прикажуваат случаи во живо од нашата катетеризациона лабораторија, а главен оператор и одговорен едукатор ќе биде светски признатиот д-р Ралф Лангхоф од Берлин, Германија, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива