decaknigi

Креативен камп за деца во Охрид

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од утре ќе биде домаќин на креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување, кој ќе го одржат Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Давор Петровски.

– Имаме повеќе активности, но меѓу најважните се: правилното дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух. Сите теми се проследени со теорија и вежби, информираат организаторите.

Креативниот камп ќе заврши во сабота. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива