proakvaohrid

МЈП „Проаква“ воведе електронско плаќање на сметките

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква“ информираат дека е воведено електронско плаќање на сметките за да се поедностави процесот.

– Еден од приоритетите на новото раководство на МЈП „Проаква“ беше подобрување на квалитетот на услугите. Со оглед на фактот дека живееме во време на компјутери и дигитализација, воведовме софтвер за електронско плаќање на сметките се со цел поедноставување на самиот процес. Истиот го надградивме со можност за евидентирање на состојба од страна на потрошувачите како би се избегнало пролонгирањето на фактурирањето на фактичката состојба и генерирање на сметки со висок износ како импликација на нередовното читање односно фактурирање. Овој нов метод е од особено значење за викенд становите, односно за броилата каде што има попречена пристапност за читачките служби од било кои причини. Се надеваме дека оваа новина ќе биде позитивно прифатена и успешно реализирана од двете страни. Службите за контрола на МЈП „Проаква“ и понатаму ќе продолжат со контрола на водомерните броила и санкционирање на сите манипулации согласно закон, информираат од ова Јавно претпријатие.

Додаваат дека доколку корисниците имаат технички проблеми околу регистрацијата или внесувањето на состојбите можат да се обратат на директниот телефонски број 046/230-020 во службата за односи со јавност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: WebOhrid