gradonacalniktv21

Стојаноски: Општина Охрид има финансиски долг од 1,4 милиони денари

Охрид, 16. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, во емисијата ClikPlus на ТВ 21, изјави дека општината има долг од 1,4 милиони денари.

– Во моментов ги имаме изработено анализите за долгот на општината, како што ни бараше Министерството за Финансии. Во моментов финансискиот долг, нагласувам – финансискиот, изнесува околу 1.400.000 денари, кон сите доверители со кои Општина Охрид има работено. Сакам да нагласам дека од овој износ околу 600.000 се камати, а 200.000 денари се за извршни трошоци. Граѓаните ова треба да го знаат, изјави Стојаноски.

Емисијата од серијалот ClikPlus ја водеше уредничката Билјана Георгиевска, а во нејзиното реализирање со прашања до градоначалникот беа вклучени и повеќе граѓани. (Крај)

извор: ТВ 21 фото: општинаОхрид