eko patroli 3

„Зш Авантура“ спроведе велосипедски еко патроли на Галичица (Фото)

Охрид, 18. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ викендов спроведоа велосипедски еко патроли на планината Галичица.

Во саботата се маркираа критичните точки на потегот Охрид-Велестово превој Крстец, во должина од 30 километри, а вчера патролата се одвиваше на потегот Охрид-Трпејца-Корита-превој Баба, со вкупна должина од 76 километри.

eko patroli 2eko patroli 5– Ги мапиравме најкритичните места на кои забележавме најразличен вид отпад, а тоа се особено околу видиковците и селата, по што следуваат акции за расчистување на последиците од нашата некултура. Од сите места што досега ги имаме поминато, имаме богата фото документација, со што планираме да организираме и изложба, вели претседателот на здружението, Жанко Голабоски.

eko patroli 4Акциите ќе продолжат и понатаму. За следната недела веќе е најавен планинарски марш на кој ќе учествуваат и други планинарски и еколошки друштва од земјава.

eko patroli 6eko patroli 1Велосипедските еко патроли беа дел од проектот „Еко Галичица 2018“, кој продолжува во следните пет месеци. Повторно ќе бидат спроведени еко патоли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес