ohridbezvoda

Жителите од повеќе улици во Охрид утре ќе бидат без вода

Охрид, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради приклучување во водоводна мрежа на повеќе објекти, утре, 20-ти јуни,  ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици од централното градско подрачје и стариот дел на Охрид.

Прекинот ќе биде на улиците : „Димитар Влахов“, „Мите Богоески“, дел од „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Страшо Пинџур“, „Серафим Китаноски“, дел од „Македонски Просветители“, „Климентска “ до пресекот со „Нада Филева“, „11-ти октомври“, „Аргир Маринчев“, „Бранко Шотра“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“ и дел од „Славеј Планина“, информираат од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид.

Жителите без вода ќе бидат во периодот од 08:00 до 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива