letenkampgete

Летен камп во организација на Гете-институт Скопје во Охрид

Охрид, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид е во тек Летен камп во организација на Гете-институт Скопје, на кој учествуваат 33 ученици од партнерските училишта од Република Македонија, Албанија и Косово, меѓу кои е и ОУ „Григор Прличев“ од Охрид.

– Во рамките на проектот, на креативен начин ќе се унапредуваат јазичните и музичките способности на учесниците. На програмата се работилници кои ги водат професионални референти од Германија од областа на музиката, како и разновидни активности во слободното време. Програмата поттикнува младинска размена и созадавње на меѓународна заедница за учење со посебна врска кон Германија, германскиот јазик и култура, информираат организаторите.

На крајот од кампот е предвидена завршна манифестација, на која учесниците ќе се претстават со музички точки како финален производ на работилниците од кампот. Истата ќе се одржи на новиот сценски простор – малиот плоштад до ТЦ „Амам“, во петок, на 22-ти јуни со почеток во 18:00 часот. Претставата за сите посетители е бесплатна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива