ohridcentarguzvaleto

СВР Охрид и градежната инпекција констатирале неправилности во поставувањето на урбаната опрема

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, во рамките на своите законски надлежности, на целото подрачје што го покрива, врши редовна контрола на угостителските објекти по низа законски основи. Контролите се вршат самостојно но и во содејство со инспекциските служби при локалната самоуправа, информираат од секторот.

– Во текот на вчерашниот ден, СВР Охрид во координација со градежната инспекција, во врска со поставување на урбана опрема извршија контроли во неколку ресторанти лоцирани на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Притоа, евидентирано е дека пред три објекти била поставена урбана опрема (маси и столици) на тротоар на улицата „Коста Абраш“ за што, два од нив имале решение за поставување на урбана опрема на тротоарниот дел во временскиот период од 19:00 до 05:00 часот, а во времето од 05:00 до 19:00 часот не поседувале дозвола за користење на просторот. Еден ресторан, воопшто не поседувал решение за поставување урбана опрема на наведениот простор. За констатираните прекршоци, од страна на полициските службеници и инспекторите од градежната инспекција, составени се записници, а на две физички лица од двата ресторанти, кои се затекнати при поставување урбана опрема на тротоарот на улицата „Коста Абраш“, изречени им се мандатно платежни налози за изложување на урбана опрема на јавна површина-тротоар. Овластените лица од градежната инспекција, дополнително ќе подготват решение за отстранување на урбаната опрема од тротоарот пред еден ресторан, а за останатите два објекти отстранувањето ќе биде направено доколку во наведениот период од 05:00 до 19:00 часот се затекне урбана опрема поставена на тротоарскиот дел од улицата „Коста Абраш“, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива