Новинари од регионот денес во посета на Охрид (Фото)

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Новинари од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора чија специјалност е туризмот, денес остварија посета на Охрид, во рамките на посетата на Република Македонија, на покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Image may contain: 3 people, sky, ocean, mountain, outdoor and natureImage may contain: one or more people, sky, cloud, tree, outdoor and nature

– Дарио Новалиќ, Мевлида Новалиќ, Радмило Бумбер, Гордана Чановиќ, Ѓорѓе Михајловиќ, Ивана Станковиќ, Карин Мимица, Горан Газдек и Сања Голубовиќ  беа воодушевени од посетата на старото градско јадро на Охрид, културата и традицијата, крстарењето по Охридското Езеро, па се` до изворите на реката Црни Дрим и Св. Наум. За време на посетата на Охрид новинарите остварија средба и со градоначалникот на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојановски, информираат организаторите од АППТРМ.

Image may contain: 5 people, people sitting, table and indoor

Утре на агендата се Битола и винскиот регион на Македонија, со посета на кралската винарија „Вила Марија“.

На дел од новинарите во турата специјалност им е гастрономијата, поради што е договорено снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен. (Крај)

извор: АППТРМ фото: АППТРМ