topka-fudbal

Вечерва започнуваат натпреварите од 44-от Турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Охрид, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва започнуваат натпреварите по групи од Турнирот во мал фудбал „Петровден“, кој традиционално, годинава по 44-ти пат, се одржува во Мешеишта.

Овојпат ќе настапат 30 екипи поделени во 8 групи од кои 6 групи со по 4 екипи и 2 групи со по 3 екипи.

Распоред на натпревари:
Петок 22-ри јуни

20:30 Мистер И – Вотка Крузер
21:30 Др. Баткоски – Куршум
22:30 Кармен Бау Центар – ЛТХ Леарница

Сабота 23-ти јуни
20:30 Фаланга – ГП Тане
21:30 Жито Леб – Американо Мислешево
22:30 Моби Петрол – Мороишта

Недела 24-ти јуни
20:30 Еко Петрол – Еуро Стил
21:30 Дооел Ноче – Пупе Компани
22:30 Асп Пак – Диба Трејд (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива