terenskadezinsekcija

Во вторник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Охрид, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на охридскиот совет за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка во вторник, 26-ти јуни ќе се спроведе дезинсекција против комарци.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека третирањето ќе биде од земја во период од 22:00 до 06:00 часот, со апарат за ULV ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето на потегот од село Подмолје до манастирскиот комплекс „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска река.

За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива