luka-modric

Лука Модриќ се сели во Баерн Минхен?

Минхен, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шпанските медиуми се повеќе пишуваат дека хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ е пред заминување од Реал Мадрид.

33 годишниот Хрват кој игра одлично со својата репрезентација на Светското првенство во Русија,  наводно бил подготвен за трансфер со образложение дека тоа би можел да биде негов последен голем трансфер пред да ја заврши играчката кариера.

За Модриќ сериозен интерес имаше од неговиот поранешен тим Тотенхем од каде планираа да изградат неверојатен среден ред за следната сезона во кој би фигурирале Ериксен, Модриќ и Деле Али.

Сепак, „Дон Балон“ сега пишува дека за играчот од средниот ред се распрашувал и nовиот тренер на Баерн Минхен хрватот Нико Ковач кој го посакува како големо засилување во средниот ред.

Баерн би можел многу лесно да стигне до услугите на Модриќ, со оглед на фактот што ќе бара да биде вклучен во трансферот на Роберт Левандовски кој се поизвесно ќе ги напушти Баварците и ќе се пресели на „Бернабеу“. (Крај)

извор: Дерби фото: архива