krvodaritelli

Крводарителска акција во СОУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 25. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Црвен крст од Охрид утре ќе се одржи уште една акција за собирање на крв.

– Крводарителската акција ќе се одржи во вторник, на 26-ти јуни во просториите на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во периодот од 09:00 до 13:00 часот. Ги покануваме нашите сограѓани кој сакаат да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива