35114586_10215842602074277_1035513780387184640_n

Најдоброто пиво за најдобрите пријатели: Златен даб и „Тамаро“ со нов заеднички проект

Охрид, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како што се зголемува фудбалската температура во светот, со најинтересните натпревари од Светското првенство во Русија, фудбалското „лудило“ го зафаќа целиот свет.

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници.

– Нашите купувачи со секое купување на пиво Златен даб добиваат посебни жетони со кои ќе можат да бидат дел од некоја од петте забави кои се предвидени до крајот на првенството. Ќе имаме посебно прилагоден „фудбалски терен“ каде ќе можеме да постигнуваме голови кои ќе бидат посебно наградени, ќе можеме да се сликаме со Роналдо, Меси и Нејмар, ќе имаме супер музика со тимот на Супер радио и ќе го следиме заеднички натпреварот Англија-Белгија со почеток во 20:00 часот во маркетот на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, информираат од „Тамаро“.
Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти.

– За сите други проекти ќе ве информираме наскоро, но верувајте дека ќе имаме едно навистина атрактивно лето. За нашите верни купувачи како и секогаш имаме најдобро награди, цени и промоции. Бидете со нас и ова лето, додаваат од „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива