terenskadezinsekcija

ЦЈЗ: Поради временските непогоди дезинсекцијата се одложува за првата недела од јули

Охрид, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради неповолните временски услови, теристичката (од земја) дезинсекција против комарци, најавена за оваа седмица се одложува, информриаат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

– Истата требаше да се изведе на територијата на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, а се одложува за наредната прва седмица во месец јули 2018. За точниот период на вршење на дезинсекцијата јавноста ќе биде навремено известена, додаваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Акцијата се одвива согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива