Gimnazija deca 1

Второ пријавување за јунскиот уписен рок во средните училишта

Охрид, 28. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во средните училишта во Охрид и низ Македонија денес се спроведува второто пријавување во јунскиот уписен рок.

Очекувано, уште во првото пријавување се пополна медицинската паралелка во склоп на економското училиште, најголем интерес имаше за гимназиско образование, а најмал за струката келнер.

Во охридската гимназија од предвиените 272, слободни се уште 92 места. Во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ во економско – правната струка се запишаа само 47 ученици и остануваат уште 89 места.

При првото пријавување во ОУТУ „Вачно Питошески“ се запишаа само 37 полуматуранти, а има уште вкупно 270 места во сите струки. Интересот бил најголем за  угостителски техничар и готвач, додека за келнер немало интерес.

ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ веќе прими 99 ученици, а остануваат уште 275 слободни места. Од следната учебна година таму ќе профункционира пилот паралелка со дуално образование, која беше најавена неодамна и во која веќе се запишани 18 основци.

Резултатите од вторто пријавување во јунскиот уписен рок ќе бидат објавени утре.

Преостанатите слободни места ќе се пополнуваат во вториот уписен рок, предвиден за 23-ти август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес