Второ продолжение на надзорната расправа за Законот за управување со Охридскиот регион

Скопје/Охрид, 28. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија денеска го одржа второто продолжение на надзорната расправа која се однесува на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива, во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.

На надзорната расправа во својство на сведоци учествуваа: Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца, Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина, Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Димитри Голабоски од НВО Аква од Струга, Ана Чоловиќ-Лешоска од НВО Екосвест и Трајче Талевски од НВО Охрид SOS.

Image may contain: 3 people, including Zaklina Lazarevska, people sitting and indoor

Поканетите учесници ги дадоа своите искази пред членовите на Комисијата за култура и одговараа на прашањата поставени од страна на пратениците.

Врз основа на добиените информации, мислења и документи добиени од сведоците, Комисијата за култура ќе донесе заклучоци, по коишто се очекува соодветните надлежни институции да постапуваат. (Крај)

извор: Собрание на РМ фото: Собрание на РМ