СИТЕ ВО ОХРИД: Liquid Soul на 1-ви август на Градиште

Охрид, 1. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од SUN Production најавуваат уште еден фантастичен настан ова лето. Покрај оној кој е веќе закажан за 3-ти август, односно настапот на едно од најголемите имиња во електронската музичка индустрија, одличната Deborah De Luca, два дена претходно, на 1-ви август доаѓа фантастичниот Liquid Soul.

– На особено задоволство на македонската урбана и прогресивна популација со гордост го најавуваме гостувањето на еден од најдобрите транс Dj-и на денешницата, швајцарскиот DJ и продуцент Liquid Soul. Домашна поддршка ќе бидат: Dare, SoundKillah и Humanoid, а онашто е исто така важно е што ќе имаме одличен Line Array Sound System, најдоброто светло, големо ласер шоу, Led Screen и многу повеќе, порачуваат организаторите.

Image may contain: 1 person, text and closeup

Забавата е закажана за среда, 1-ви август 2018-та година на „Градиште“ – Summer Beach Club со почеток во 23:00 часот. (Крај)

извор: SUN Production фото: SUN Production/архива